На 16.04. и 17.04.2025 во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје се одвиваат диви трки со патнички моторни возила кои предизвикуваат голема бучава.
Веднаш биле преземени мерки од полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово и поради сомнение за стоирен прекршок биле одземени патничко моторно возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки управувано од М.В.(20) од село Долнени, прилепско и патничко моторно возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(21) од Тетово.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на слуајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
Текстот Одземени возила: биле користени во „диви“ трки во Куманово е превземен од МАКФАКС.