Украина на 20-ти февруари го одбележува Денот на Хероите на Небесните Стотина (или како што ги викаат Украинците „Небесна сотња“) во согласност со Претседателската одлука од 2015 година „За почитување на херојството на Револуцијата на Достоинството и овековечување на споменот на Хероите на „Небесните Стотина“.
Украинците, на овој ден им оддавaат почит на тие кои го променија текот на историјата во земјата. Повеќето од нив ги дадоа своите животи за време на Револуцијата на Достоинството (ноември 2013 година – февруари 2014 година), други го загубија животот подоцна – во март и април 2014 година, бранејќи ги идеалите на демократијата, човековите права и слободи, европската иднина на Украина.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски во своето денешно видео обраќање вели дека на овој ден се сеќаваме дека ниту еден противник не може да го скрши украинското единство.
Today, Ukraine commemorates the feat of the Heavenly Hundred. We remember the ability of Ukrainians to win their freedom. We remember that no adversary can break our unity. We remember Ukrainians’ boundless dedication, which makes history.
Ten years ago, Ukrainians decided once… pic.twitter.com/matl9hyQik
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) February 20, 2024
„Украина денеска го одбележува подвигот на „Небесните Стотина“. Се сеќаваме на способноста на Украинците да ја освојат својата слобода. Се сеќаваме дека ниту еден противник не може да го скрши нашето единство. Се сеќаваме на безграничната посветеност на Украинците, која пишува историја. Пред десет години, Украинците решија еднаш засекогаш: сакаме да живееме и ќе живееме само во европска држава. Сето тоа ги мотивираше луѓето да се борат пред десет години. Сето ова нè мотивира и денес. Ја браниме нашата земја. Ја браниме нашата слобода. Да го браниме нашето утре. Ја браниме нашата Украина. Слава на Украина!“, вели во обраќањето Зеленски.
И Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен им оддаде почит на „Небесните Стотина“: Украина ќе победи и ќе биде во ЕУ
Урсула фон дер Лајен изјави дека визијата и идеалите на „Небесните Стотина“ од пред една деценија преовладале, а Украина ќе го заземе своето место во ЕУ.
Today, we pay tribute to the Heavenly Hundred Heroes – the brave souls who sacrificed their lives on the Maidan for Ukraine’s freedom in 2014.
A decade on, their vision and ideals have triumphed.
Ukraine will prevail and take its place in our Union. pic.twitter.com/mbEHJ4J3x9
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) February 20, 2024
„Денес им оддаваме почит на небесните сто херои – храбрите души кои ги жртвуваа своите животи на Мајдан [Плоштадот на независноста на Кијив] за слободата на Украина во 2014 година. По една деценија, нивната визија и идеали триумфираа. Украина ќе победи и ќе го заземе своето место во нашата Унија“, напиша претседателката на Европската Комисија на „Х“.
Премиерката на Литванија Ингрида Шимоните, на Денот на сеќавање на „Небесните Стотина“, повика на вооружување на Украина и докажување дека Русија не влијае на одлуките на ЕУ и НАТО.
On this day Ukraine honors the Heavenly Hundred – heroes of the Revolution of Dignity, who sacrificed their lives for a democratic Ukraine and the right of a nation to choose its own future.
They resisted an attempt to drag their country into the gloom of Russia’s ‘sphere of…
— Ingrida Šimonytė (@IngridaSimonyte) February 20, 2024
Украинската амбасадорка во Скопје, Лариса Дир, во чест на херојската борба на „Небесните Стотина“ бара од сојузниците да испратат оружје и муниција и да и помогнат на Украина против рускиот агресор.
727. Пред 10 години, во центарот на Кијив, безбедносните сили на режимот на Јанукович застрелаа невооружени луѓе – Небесните Стотина, кои излегоа да ѝ кажат „Не“ на проруската политика.
Сега, како одговор на спротовставувањето на рф – и куршуми, и ракети.#StandWithUkraine pic.twitter.com/1j2gMloi4H— Larysa Dir (@dir_larysa) February 20, 2024
Кои се „Небесните Стотина“, хероите од Мајдан?
Во услови на војна на истокот на Украина, денес се сеќаваме на судбоносните настани кои станаа симбол на борбата за слобода и достоинство. Мајдан веќе не е само име на главен плоштад во Кијив.
Револуцијата на Достоинството стана најголемиот протест во поновата историја на Украина, борбата на украинските граѓани за нивните права и демократскиот европски избор.
„Небесните Стотина“ – така ги именуваат загинатите учесници на Револуцијата на Достоинството.
Хероите на „Небесните Стотина“ се олицетворение на човечката, граѓанската и националната храброст и самопожртвуваност.
107-те загинати луѓе стана херои на Небесните Стотина. Тие се разликуваа по возраст, пол, образование, дојдени од различни региони на Украина и од странство. Меѓу нив имаше и успешни претприемачи и пензионери. Најстариот, Иван Наконечни, имаше 83 години, а најмладиот, Назариј Воитович – само 16.
Евромајдан влезе во историјата на Украина како симбол и пример на пожртвуваност, патриотизам и херојство. Тој уште еднаш потврди дека во најкритичните и најважните периоди од историјата постојат херои подготвени да ги дадат своите животи за иднината на Украина како независна демократија. Престрелките во центарот на Кијив ја достигнаа својата кулминација токму на 20 февруари. На тој ден во центарот на главниот град загинаа 48 лица.
Револуцијата на Достоинството докажа дека Украинците не само што го избраа патот кон Европа, туку и се подготвени да се борат за него, да ги бранат сопствените права и слободи.
J. Ѓ.