Вкупно 19 руски државјани добиле азил во Франција од почетокот на годината, соопшти денеска Националниот суд за азил, кој во јули 2023 година, начелно го призна статусот на бегалци на руските војници кои одбиле да војуваат во Украина.
Според одлуките на тој суд, „од 1 јануари до средината на март 2024 година одобрени се 19 барања за азил“, соопштија денеска за француските медиуми извори блиски до правосудството.
Во јули минатата година, судот ја усвои доктрината која се состои од доделување статус на бегалец на руски државјани кои „покажаа постоење на лични ризици од прогон во случај на враќање во Русија, поради пропуст да подлежат на делумна мобилизација во рамките на војната, која руските вооружени сили ја започнаа против Украина“.
Оваа доктрина, прва во Франција која се однесува на дезертерите од руската армија, се заснова на европска директива од 13 декември 2011 година и одлуката на Судот на правдата на Европската унија од 26 февруари 2015 година.