Романската влада од понеделник повторно ќе воведе ноќен полициски час и задолжителни здравствени карти за влез во повеќето јавни простори.

Advertisements

Покрај овие мерки, донесена е одлука да се прогласи двонеделна пауза во училиштата со цел да се запре зголемувањето на бројот на новозаразени, но и да се намали бројот на смртни случаи кај заболените од Ковид, пренесува Ројтерс.

Овие мерки се веќе на сила во некои локални области, а привремената влада на Романија ќе ги објави од понеделник на целата територија на таа земја.

Романија неколку пати овој месец забележа рекорден број смртни случаи од коронавирус и рекорден број новозаразени, а здравствениот систем е доведен до границите на издржливоста.

Романија има втора најниска стапка на имунизација на коронавирус во Европската унија.

Прикажи повеќе