Георгина Родригез тврди дека е жена која сама го создала своето богатство и дека никогаш не би потрошила ни денар од баснословниот имот на нејзиниот вереник Кристијано Роналдо.
28-годишната девојка, која до пред само неколку години работеше како продавачка и чистачка, се пофали дека има милиони и е горда на својата кариера како инфлуенсер со 37,5 милиони следбеници на Инстаграм.
„Кога се парите во прашање, извинете, но не сакам повеќе да зборувам за тоа колку милиони има на мојата банкарска сметка. Воодушевена сум што ќе бидам партнерка на Кристијано Роналдо, целосно сум заљубена во него и тоа е зошто сум многу среќна Свесна сум дека „да се биде негова девојка нуди многу можности, но работев и го изградив она што го имам во банка“, изјави таа за шпански „Форбс“.
Георгина неодамна зборуваше и во документарниот филм на Нетфликс „Јас сум Георгина“ за изградба на сопствена империја.
„Точно е дека работите ми одеа добро во последните години, но и работев многу и знаев како да го искористам времето и социјалните мрежи“, истакна таа.
Но, и покрај нејзините тврдења, оваа убавица сака да лета со своето момче вредно милион фунти, а лета и низ цела Европа со неговиот приватен авион и се колне дека никогаш нема да се врати на „комерцијалните летови“. Исто така, таа никогаш не ја криела својата опсесија со „големите дијаманти“.
Да потсетиме, Георгина го запозна Роналдо во 2016 година во продавницата на брендот Гучи, каде што работеше како продавачка. Од тој момент нејзиниот живот радикално се промени, а практично преку ноќ од обична девојка стана ѕвезда опкружена со неверојатен луксуз.