
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека во главниот град од вечерва во 20 часот се воведува полициски час, кој ќе трае 35 часа, односно до четврток наутро.
„Забрането е движење низ градот без посебна дозвола, освен одење во засолништа“, рече Кличко.
Градот во текот на ноќта беше изложен на гранатирање на надворешните области, а станбени згради беа погодени од проектили.
„Главниот град е срцето на Украина и ќе се брани“, додаде тој во објавата на својот профил на Телеграм.