Од 11 до 17 октомври вкупно 34 луѓе во Македонија повторно се заразиле со ковид-19 покажува последниот извештај на Институтот за јавно здравје.
Според извештајот, исто толку 34 реинфекции биле регистрирани и претходната недела.
Во овој период (11-17 октомври) е пријавен 81 смртен случај во 21 град. Најголем дел од нив се од Скопје (38). Најголем број (n=68; 84,0%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 40-49 години (5), од 50- 59 години (4), 20-29 години (3) и 30-39 години (1 лицe).
Тестирани се вкупно 19.647 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 15,3% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.206 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со намалување од 6,2% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 6,4% до 14,5%, просечно 10,7%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.148; 52,0%), со неделна инциденца – 181,0/100.000. Највисока неделна инциденца од 260,5/100.000 е регистрирана во Македонска Каменица и Велес 208,2/100.000.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=628, 28,5%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=66; 3,0%). Во насока на регистрираното вкупно намалување на бројот на случаи, се забележува и намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи поединечно. Намалувањето се движи од -0,3% кај лицата над 60 годишна возраст до -21,4% кај децата на возраст од 0-9 години.
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.164 (52,8%) лица од женски и 1.042 (47,2%) од машки пол.
Со статус „оздравени“ се стекнале 2.292 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.