Значајни промени се случуваат во обложувалницата Полимаркет на денот на американските избори.

Шансите, според таа обложувалница, значително се зголемуваат за Доналд Трамп, а се намалуваат за Камала Харис.

Според Полимаркет, ситуацијата во моментов е следна:

Трамп – 63%
Харис – 37%

Вчера вечер процентите беа 58 отсто за Трамп и 42 отсто за Харис.

На Полимаркет, каде што процентите се менуваат во реално време, Трамп и Харис во последната недела беа најблиску на 3 ноември, кога Трамп имаше 53%, а Харис 47%. Пред еден месец, сепак, беа целосно изедначени.

Полимаркет е децентрализирана платформа за предвидување која им овозможува на корисниците да се обложуваат на исходите на вистински настани, вклучително и политички избори, користејќи криптовалути.

Текстот Огромни промени во обложувалниците: Трамп значително расте, Харис паѓа е превземен од МАКФАКС.