Во САД е претставено огледало-таблет со вештачка интелигенција, кое може да ја процени здравствената состојба на личноста што седи пред него, а дури е „во состојба да предупреди на опасност од смрт“.
„Волшебното огледало“ (MagicMirror) е таблет кој може да следи повеќе од 100 здравствени параметри. Производителот „Нуралоџикс“ (nuralogix) тврди дека уредот може да открие знаци на треска, висок крвен притисок, депресија, дијабетес, па дури и да го предупреди корисникот на непосредна смрт.
За да се анализира здравствената состојба, уредот има вградена камера која го скенира протокот на крв под површината на кожата и ги пренесува добиените податоци во меморијата, по што следи анализа со помош на вештачка интелигенција.
Уредот веќе е наречен „идеален за старечки дом“, но производителот се надева дека производот ќе биде широко користен во сите области од животот и ќе стане домашен медицински уред.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.