Во борбата против дијабетес се препорачува зелка, а експертите тврдат дека уште поефикасен е сокот од овој зеленчук.

Во таков облик, се внесуваат повеќе антиоксиданси и посилни се антихипергликемиските својства, ги регенерираат оштетените клетки на панкреасот и до израз доаѓаат протеините, витамините Ц, Б1, Б2, Б6, калиум и магнезиум.

Откриено е дека сокот од зелка ја намалува глукозата во крвта, а помага и при ослободување на вишокот килограми.

Рецепт:

Измијте и исецкајте половина килограм зелка, ставете ја во блендер или соковник и додадете 1/4 шолја вода.

Мешајте додека да добиете зелена каша, со парчиња зелка, а потоа измиксирајте на најсилна брзина десет секунди.

Секојдневно пијте по една ваква чаша од свеж сок пред секој оброк.