Истражувачите од Империјал колеџот во Лондон уште пред неколку години откриле дека пациентите со астма или хронична опструктивна болест на белите дробови, почесто доаѓаат на болничко лекување во деновите кога загадувањето на воздухот поголемо.
Аеросолите исто така предизвикуваат оксидативен стрес во организмот и го зголемуваат ризикот од срцев удар.
Меѓутоа, истражувачите откриле дека лицата кои имаат повисоко ниво на витамин Ц во крвта имаат помали шанси да завршат во болница кога воздухот е позагаден од вообичаено.
-Иако студијата била со мал обем, ова откритие „придонесува кон се поголемиот број докази дека ефектите од загадување на воздухот можат да се регулираат со антиоксиданси, рече тогаш Мајкл Бројер, научник од Универзитетот во Британска Колумбија.
Со истражувањето се опфатени 209 лица кои се примени во лондонската болница.
Претходно, истражувачи од Корнел универзитетот откриле дека исхраната богата со антиоксиданси ги чува функциите на белите дробови, а докажани се и позитивните ефекти на витаминот Ц и Е, како и селенот.
Исто така, Универзитетот во Северна Каролина во 2001 година објави дека витаминот Ц може да ги заштити белите дробови и од озон.