Целерот е една од ретките намирници која можете да ја јадете без ограничување. Во 100 гр целер има само 14 калории, а поради својата одлична структура го олеснува и подобрува варењето на храната.
Нутриционистите тврдат дека целерот е совршена намирница за детоксикација.
Детоксикацијата или чистењето на организмот од токсини ни помага да ја вратиме енергијата, да го елиминираме заморот и поспаноста, односно повторно да воспоставиме рамнотежа. Организмот е оптеретен со варењето на нездрава и тешка храна и потребна му е помош да воспостави нормален баланс.
Неправилната работа на организмот може да предизвика многу тешкотии, а за да ги намалиме и спречиме, потребно е од време на време да направиме детоксикација на организмот.
Целерот е идеална намирница за тоа.
Чорбата од целер им се препорачува на сите лица кои сакаат за само неколку дена да ги исфрлат од организмот токсините и пестицидите кои ги внеле во телото. Детоксикацијата со целер трае само седум дена, а чорбата која се подготвува треба да содржи и уште неколку намирници како кромид, морков, морско оревче.
Чорбата се поготвува на следниот начин:
Една главица кромид треба малку да се испржи на мала количина масло. Целерот треба да се изренда, па се додава на запржениот кромид и се прелева со литар и половина вода. Додадете рендан морков, морско оревче и многу малку сол и црн пипер. Варете додека целерот да омекне.
Вака подготвената чорба е идеална зачистење на телото, но и за губиток на килограмите, бидејќи на овој начин всушност го чистите организмот и го подготвувате за правилен начин на исхрана.