Имунолошкиот систем е збир на органи, ткива и жлезди кои го штитат телото од штетни супстанци, бактерии, вируси и слично. Неговото неправилно функционирање и слабеење зависи од многу фактори.
Прочитајте ги најчестите:
Секојдневните навики, невнимателноста, нездравата исхрана, честите стресови можат значително да го ослабнат имунолошкиот систем. Британските научници предупредуваат за следните причинители.
Премногу благо
Конзумирањето големи количини на слатки го ослабнува имунолошкиот систем. Истражувањата покажале дека 100 грама шеќер дневно значително ја намалува способноста на белите крвни зрнца да се борат со бактериите. Внимателно со чоколадите.
Премалку вода
Водата му е потребна на организмот за да се исфрлат отровите и другите штетни супстанци, а недоволното конзумирање на истата доведува до нивно задржување. Освен водата, и умереното конзумирање на кафе и чај се прифатливи извори на течност.
Вишок килограми
Вишокот килограми штетно влијае врз срцето, крвните садови, мозокот и другите органи, а со тоа и на имунолошкиот систем. Освен тоа, кај луѓето со вишок килограми се поголеми шансите од инфаркт, мозочен удар и хормонски дисбаланс.
Сув нос
Причина плус да се радувате кога ви тече носот. Сувиот нос им го олеснува патот на бактериите и вирусите до телото, а носот кој „тече“ е добра заштита против настинката и грипот. Доколку сувоста е привремена, не паничете и побарајте соодветни средства во блиската аптека, но доколку преминува во хронична, посетете доктор.
Постојан стрес
Многубројни истражувања покажале дека стресот го ослабнува имунолошкиот систем. Долготрајниот и секојдневен стрес со себе носи и намален или премногу зголемен апетит, кои следствено делуваат штетно на здравјето.
Чести настинки
Честите настинки се знак дека имунолошкиот систем е ослабнат. Доколку се разболувате повеќе од вообичаеното, што е два до три пати годишно, посоветувајте се со доктор.