Најтешки хороскопски знаци се Шкорпија, Водолија, Девица, Близнаци и Овен. Еве зошто!

Колку и да се трудиме, има луѓе со кои никогаш нема да најдеме заеднички јазик. Тие се тврдоглави, понекогаш лути без причина, сакаат да интригираат и да ги оставаат сите наоколу во шок кога создаваат хаос!

Проблемот е во нивниот карактер, но повеќето од овие „тешки“ луѓе се родени во овие хороскопски знаци! Добро внимавајте на нив доколку ги имате во вашата околина!

Скорпија
Ако некој и застане на патот, или таа само мисли така, Скорпијата покажува „заби“ и не избира кого ќе прободе. Со неа нема компромис, комплицирана е за договор, секогаш ќе најде начин да саботира се, а тешко вам ако и замерите.

Водолија
Изгледа едноставно и пријателско, до тој степен што нема да знаете што ви се случило кога ќе го покаже вистинското лице. Водолијата е страшно чувствителна, поради што е ужасно комплицирана. Очекува сите да и ги читаат мислите и чувствата, а кога тоа не е така, таа се претвора во сосема непредвидлива личност со која е многу тешко да се најде заеднички јазик. Водолијата има многу мала емпатија што отежнува да се сложува со другите луѓе – едноставно не го гледа нивниот агол на размислување ниту се обидува да го види.

Девица
Кој и замерил на Девица, едвај излегол жив од тој разговор! Девицата не се двоуми да ве критикува и навредува на најлош начин, дури и кога знае дека воопшто не е во право. Таа ги осудува сите околу неа и не се срами да го каже тоа, а сето тоа произлегува од нејзиниот недостаток на самодоверба.

Близнаци
Тие не им даваат мир на луѓето околу нив, буквално! Ним им треба внимание и кога ќе почувствуваат дека го немаат, ќе направат хаос. Иронично, Близнаците немаат многу концентрација и внимание и им е многу тешко да се „свртат“ и да учествуваат во договорот. Тоа што самите не си го даваат, го очекуваат од другите, поради што понекогаш се пекол за соработка или врска.

Овен
Тој сам на себе е врвен приоритет, има нула трпеливост и никогаш нема да ви признае дека погрешил. Овенот прв ја префрла вината на другите, сам започнува конфликти и кавги, а сето тоа поаѓа од тоа што тој самиот си е најважен – вие сте неважни.