Доколку сте на чекор од кажување на судбинското “да”, еве ви идеална прилика да проверите дали сте го направиле вистинскиот избор
Ова се 5 сигурни знаци кои покажуваат дека Вашата девојка нема да биде добра сопруга, и дека би требало уште еднаш добро да размислите пред да заминете пред олтар.
Љубоморна е
Мала доза на љубомора е здрава и нормална работа, доколку навистина ви е дојдено до партнерот и доколку навистина го сакате.
Но, доколку вашата девојка е љубоморна на секоја женска личност која ќе се најде во ваша близина, таквото однесување е показател дека дозволената граница на љубомора е помината.
Бракот со таква девојка, неа нема да ја осигура дека е единствената личност во вашиот живот, па нејзината дополнителна љубомора ќе ви донесе долгорочни проблеми и неизбежни расправии.
Не се согласувате во сексот
Сексот е важна компонента на секоја врска која треба да се негува и одржува и откако ќе стапите во брак. Еден од важните знаци дека нема да биде добра сопруга е нејзината желба за секс. Доколку не се вклопува со вашите потреби и желби, нејзиното либидо сигурно ќе биде голем проблем во вашиот брак.
Не ги сака Вашите пријатели во близина
Најчесто луѓето своите пријатели ги имаат стекнато долго време пред бракот, а ако вашата девојка уште од сега ви забранува да се дружите со нив, ситуацијата само ќе се влоши кога ќе стапите во брак. Едноставно, мора да ве пушти самите да одлучувате со кого ќе се дружите, кој ќе ви биде пријател – а кој не. Ако уште во врска се однесува вака, во брак ќе биде полошо. Плус фактот дека таа не го поддржува вашето дружење со пријателите, е сигурен показател дека ќе се претвори во оној тип на сопруга која нема никаков социјален живот надвор од безбедните кругови на бракот.
Сака да ве смени вас и вашето однесување
Ако Вашата девојка константно има забелешки за вашиот изглед, однесување, кариера, навики и слично, тоа значи дека се обидува да ви каже дека не сте доволно добри за неа.
Во тој случај, би требало да се запрашате колку многу сте подготвени да се жртвувате или менувате за доброто на врската
Проверете уште еднаш дали е таа – таа вистинската
За успешен брак не е доволна само љубовта, па затоа не дозволувајте да ве заслепат емоциите кои ги чувствувате во моментот.
Зачекорувањето во брак значи дека треба да го делите остатокот од животот со вашата партнерка, а со оглед на тоа дека имате само еден живот, размислете два пати за тоа дали таа е вашата идеална друга половина и би ве правела среќни до крајот…