Џорџ Клуни (63) е во брак со адвокатката за човекови права Амал Клуни (47) повеќе од десет години, а холивудската ѕвезда се уште стои на своето тврдење дека никогаш не се скарале. Зборувајќи за Гејл Кинг на CBS Mornings, актерот призна дека тој и Амал сè уште не се скарале, што изненади многу обожаватели.

Тој се присети и на последното појавување во шоуто, велејќи дека и тогаш го тврдел истото. “Се сеќавам дека еднаш бевме кај вас и рековме дека никогаш не сме се скарале. Сè уште не сме се скарале. Се обидуваме да најдеме причина да се караме”, рече Џорџ низ смеа.

„Имам неверојатна среќа што ја запознав оваа извонредна жена. Се чувствувам како да го постигнав џекпотот. Нема ден да не мислам дека сум најсреќниот човек на светот. Навистина е прекрасно”, додаде тој.

По тоа интервју, некои корисници на платформата X (поранешен Твитер) почнаа да шпекулираат дека „најверојатно спијат во посебни соби“.

Еден обожавател, исто така, предложил дека имаат посебни соби, додека друг објавил мем со Вил Ферел од филмот „Елф“ со познатиот цитат: „Седиш на тронот на лагите“. „Тоа не е нормално“, напишаа многумина.

Текстот „Ова не е нормално“: Џорџ Клуни ги збуни фановите со необична исповед за бракот со Амал е превземен од МАКФАКС.