Холандската претставничка на овогодинешната Евровизија е претставена под псевдонимот С10 и е позната пејачка, раперка и текстописец.
Својата музичка кариера ја започна во 2016 година, кога го издаде мини-албумот Antipsychotica, по што следуваше Lithium, а во 2019 година ја виде светлината на денот со нејзиниот деби албум Snowsniper, кој доби многу музички признанија.
Оттогаш го издаде албумот Vlinder и сними голем број успешни синглови, а на почетокот на март стана претставничка на Холандија на овогодинешната Евровизија каде се претставува со песната De diepte.
Иако е многу млада, С10 напорно се бореше во животот, за што често пее во своите песни.
Таа е родена како Стин ден Холандер во Хорн, како едно од двете близнаци, а од самото раѓање речиси немала никаков контакт со својот биолошки татко.
Младата пејачка, која има само 21 година, се уште се бори со депресија, психоза, аудио-халуцинации и самоубиствени мисли, а сето тоа кулминирало со обидот да си го одземе животот кога имала само 14 години.
Потоа била примена во психијатриска болница, ѝ било дијагностицирано биполарно растројство и следела голема битка за Стин да се опорави.
Сепак, Стин денес е насмеана девојка, во прилично среќен и мирен период од нејзиниот живот. Таа има можност да ја претставува својата земја на најголемиот музички натпревар на Стариот континент, а по првата полуфинална вечер се пласираше во финалето и со својот глас ја воодушеви Европа.