Холанѓанката привлекла големо внимание со својот изглед, а тоа може да го видите на фотографиите.
Очите на вљубениците во зимските спортови од 4 до 20 февруари ќе бидат насочени кон Пекинг каде ќе се одржуваат зимските олимписки игри.
Имено, еден од фаворитите во брзо лизгање во дисциплина на 500 и 1.000 метри е 23-годишната Холанѓанка Јута Лердам која го „топи мразот“ кога и да се појави поради својот атрактивен изглед.
Без оглед на тоа дали е облечена во спортски костим или пак во лежерно издание каква што е на фотографиите на Инстаграм, нејзината убавина секако доаѓа до израз.
Нема сомнеж, многумина на 13 февруари ќе ги следат Олимписките игри токму поради тоа што оваа атрактивна девојка првпат ќе настапува, додека пак во втората дисциплина ќе учествува на 17 февруари.
Зимските олимписки игри свечено се отворија денеска на Олимпискиот стадион во Пекинг познат како „Птичјо гнездо“.
Инаку, Македонија на игрите во Пекинг ќе има три претставници, Ставре Јада, Ана Цветановска и знаменосецот Дардан Дехари.