Министерството за култура известува дека Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „11 Октомври“ за 2025. Со оваа награда се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија. Наградата се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјава.
Воедно, Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „22 Ноември“ за 2025 година. Со оваа награда пак, се оддава признание на личностите од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебно разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во земјава.
Конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за 2025 година траат од 1 до 31 мај 2025 година.
Текстот Објавени конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за 2025 година е превземен од МАКФАКС.