Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на околу 40 километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот Гербер, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта, Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дронови влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Текстот Објавена фотографија од руски дрон во Полска е превземен од МАКФАКС.