Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) во четврток ја објави најважната карта за коронавирусот во Европската унија.
Според оваа карта, членките на ЕУ усвојуваат мерки и ги одредуваат правилата за влез од одредена земја точно според бојата што таа земја ја има на оваа карта.
Боите за одделни области се одредуваат со комбинација на потврдени случаи на инфекција во изминатите 14 дена на 100.000 жители и процентот на тестирано население. На најновата карта, Хрватска се уште е во црвената зона, а Загреб во темно црвено. Словенија исто така е во темноцрвена зона. Грција е во црвено -портокаловата зона, а еден регион е во темноцрвената зона. Во остатокот од Европа, ситуацијата е многу подобра, особено во земјите што беа во темноцрвената зона во текот на летото. Безбедна дестинација е Франција, која е речиси целосно зелена, а ниту Португалија ниту Италија немаат црвени региони.
Шпанија е исто така претежно зелена, освен еден регион што е во црвената зона. Чешка е во портокалова зона, додека Германија е црвена.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.