Полската полиција денеска привремено му ја одзеде возачката дозвола на поранешниот висок функционер на Европската унија, Доналд Туск и го казни поради пребрзо возење.

Advertisements

Туск (64), кој сега е лидер на главната полска опозициска партија, Граѓанска платформа, напиша на Твитер дека казната е адекватна и оти ја прифатил без дискусија, пренесе АП.

Дозволата му е одземена на три месеци, а заработил и 10 од 24 максимални казнени поени.

Полицијата во Млава, во централниот дел на Полска, каде што е запрен Туск, соопшти дека 64-годишниот возач ја надминал дозволената брзина во населено место за повеќе од 50 километри на час.

Како што навеле од полицијата, ограничувањето на тоа место било 50 километри на час.

Прикажи повеќе