Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) денеска ќе одржи вонреден состанок откако рускиот претседател Владимир Путин ги призна двата сепаратистички украински региона како независни.
Состанокот на Постојаниот совет на ОБСЕ во 14 часот по средноевропско време има за цел „да го реши ова прекршување на меѓународното право и основните принципи на ОБСЕ“, соопшти Полска, која во моментов претседава со организацијата.
„Одлуката на претседателот Путин да признае делови од регионите Донецк и Луганск како независни е јасно кршење на меѓународното право“, се наведува во соопштението.
„Овој чекор е против обврските на ОБСЕ, како и договорите од Минск, и го поткопува учеството на организацијата во мирно решавање на конфликтот“, се додава во соопштението.
Средбата ќе биде затворена за медиумите.