На граничниот премин Богородица без проблеми и совообичаена динамика за овој период од годината, се одвива протокот на патници. Истото се однесува и за ГП Евзони на грчка страна, соопштија од МВР, откако утринава на кратко паднал системот на двата гранични премини-Евзони и Дојрани и беа објавени информации дека се создадени долги километри за влез и излез од Грција.
– Бевме известени од грчките колеги дека околу 8 часот утринава во период од 15- тина минути бил во прекин системот на Граничниот премин Евзони, по што проблемот бил надминат и протокот на патници до овој момент се одвива со вообичаената динамика,информираат од МВР.
Додаваат дека од македонска страна се преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за непречен проток на патници.
Инаку, и од камерата на ЈП за државни патишта може да се забележи дека нема застој и излегувањето од државата тече нормално.