По толку ретроградности во изминатиот период, многу врски се пред пресврт, дури и ако е тоа само во начинот на комуникација. По период кој изгледа како комплетна конфузија, влегуваме во период во јаснотија во односите.
Бик
Големи работи за нив ќе се случат и овој месец, напоредно со помрачувањето на Месечината во нивниот знак, кое е за само неколку недели. Во текот на изминатите месеци Биковите минаа многу време во размислување и дилеми за стабилноста на врската и што значи таа за нив. Иако имаше прилики истата да расте, сепак овој месец размислете добро каква одлука ќе донесете без разлика дали станува збор за свршувачка, заедничка преселна или конечно да кажете како се чувствувате.
Рак
Ова би требало да изгледа како емоционално постабилен месец за Раковите. Со толку енергија во воздухот минатиот месец и ретроградните планети, ви беше тешко да следите што воопшто чувствувате и веројатно на крајот сте како изгубени. Ако неодамна сте направиле чекор наназад во врската, сега е време повторно да се вложите себеси и вашата енергија во партнерот. Но, тоа не значи дека треба да се вратите на тоа што било. Фокусирајте се на себе и вашите потреби, запаметете дека и вие заслужувате време, внимание и љубов.
Вага
Сега кога се избравте себеси, може да видите какво е чувството кога другите ќе ве изберат. Не се грижите ако ова на почетокот ви биде предизвик. Откако бевте во врска која долго време беше еднострана, кога некој навистина вложува енергија во вас ова на почетокот може на почетокот да се чувствувате малку изгубено. Но, не дозволувајте да заборавите дека ова беше целта на работата што ја правевте и тоа што навистина го сакавте во љубовта. Погрижете се да останете свои, со што повеќе спуштени ѕидови, но покажете ги и вашите чувства.