Маж со пиштол усмртил две жени на паркинг пред црква во американската сојузна држава Ајова, а потоа извршил самоубивство, додека во друго пукање ранети се две лица на гробишта во Висконсин, пренесува Ројтерс.
Advertisements
Пукањето во Ајова се случило вчера, пред црквата Корнерстон, фундаменталистичка христијанска црква источно од градот Ејмс, додека траела службата. Кога полицајците пристигнале на самото место, ги пронашле телата на тројцата починати, се вели во полициското соопштение.
Во меѓувреме, во друго пукање, ранети се две лица на гробиштата во Рејсин, Висконсин, кога напаѓачот испукал повеќе куршуми кон присутните на погребот.
Едно од повредените лица веќе е пуштено од болница, додека другото лице било префрлено во болница во Милвоки, здобивајќи се со потешки повреди, соопшти полициски функционер со напомена дека сè уште се трага по напаѓачот, јавуваат тамошните медиуми.