Марк Карни утре наутро ќе положи заклетва како следен премиер на Канада, по повод последниот ден на Џастин Трудо на функцијата, по повеќе од девет години.
Генералниот гувернер Мери Сајмон ќе претседава со положувањето заклетва на Карни и неговите министри во петок во 11 часот, се вели во соопштението од нејзиниот кабинет. Карни, поранешен банкар кој ја водеше централната банка на Канада и Обединетото Кралство, во неделата беше избран за лидер на Либералната партија на Канада. Тој ќе стане 24-ти премиер на Канада.
Тој ќе ја преземе функцијата во бурно време во Канада, која е среде трговска војна со долгогодишниот сојузник САД под претседателот Доналд Трамп и наскоро мора да одржи општи избори.
Новиот кабинет на Карни би можел да биде околу половина од големината на извршната власт на Трудо, објави Блумберг. Се очекува кабинетот да има меѓу 15 и 20 министри, што е помалку од сегашните 37 вклучувајќи го и премиерот, според Ројтерс.
Текстот Новиот канадски премиер ќе го преполови бројот на министри е превземен од МАКФАКС.