реклама

Една жена е снимена како влегува во Римската Фонтана Треви за да наполни шише со вода, пишува Independent.

На видеото, направено минатиот месец, се гледа како жена се качува на фонтана и полни шише кај еден од изворите на вода, пред чуварот да ја исвирка и да тргне кон неа, пишува Independent.

реклама

Двајцата потоа влегле во кратка расправија, пред чуварот да ја изведе надвор.

Се чини дека жената се обидела да ги објасни своите постапки, но не се знае што било кажано.

@perrinebridge What is this lady thinking?! Video credit to @lex #trevifountain #italy #rome #romeitaly #trevi ♬ original sound – Walmart Jason Statham

реклама

Еден од луѓето кои го снимиле инцидентот рекол дека „секаде биле објавени известувања дека тоа не е дозволено“ и дека жената „изгледа не разбирала каде згрешила“, пренесува Insider.

Не е познато што се случило со жената по инцидентот, дали е уапсена или казнета.

реклама

Инцидентот доаѓа по неколку слични во Италија, кога не беа почитувани познатите знаменитости.

Минатиот месец едно лице беше снимено како плива и скока во познатата фонтана од 18 век, а како што објави „Кориере дела Сера“, туристите ја поздравија со аплауз.

По настанот, Алесандро Онорато, советник на Рим за настани, спорт, туризам и мода, апелираше до властите да го ограничат пристапот до фонтаната, нарекувајќи го инцидентот „чисто варварство“ и „исмејување на историското и културното наследство на градот“.

„Полициските казни и бројните апели до здравиот разум веќе не се доволни. Ова не е туризмот што го заслужуваме и ни треба“, додаде тој.

Исто така, во јули, еден маж беше снимен како го врежа своето име на ѕидот на Колосеумот, а италијанската полиција подоцна го идентификуваше. После тоа испрати писмено извинување до градоначалникот.

Минатата недела, туристите кои уништија италијанска скулптура од 200.000 евра во Ломбардија беа означени како „имбецили“ од вицепремиерот.

реклама