По пристигнувањето на ракометната репрезентација на Хрватска во Сегед, во редовите на „коцкестите“ било направено ново тестирање, а позитивен тест доби Марко Мамиќ.

Ракометарот ќе треба да мине пет дена во изолација, а дури по два негативни тестови ќе има право да настапи за својата репрезентација на Европското првенство.

Мамиќ е третиот ракометар од Хрватска кој доби позитивен тест. Пред него позитивни на коронавирус беа Домагој Дувњак и Лука Циндриќ. Дувњак вчера доби негативен тест, но остана во Осијек поради болки во грбот.

Хрватите се наоѓаат во Групата Ц заедно со селекциите на Франција, Украина и Србија. Првиот натпревар ќе го одиграат на 13 јануари против Франција, со почеток од 20:30 часот.