Актуелниот македонски фудбалски шампион Шкендија се најде на 11 бода негатива во однос на лидерот Шкупи по денешниот кикс во дуелот со Тиквеш.

Тетовци на домашен терен одиграа 1-1 што е шесто реми за шампионот оваа сезона. Се чинеше дека нема да има изненадување откако по првото полувреме Шкендија имаше водство од 1-0, благодарение на голот на Рамадани непосредно пред последниот свиреж на судијата. За сензацијата се погрижи Мирковиќ на седум минути пред крајот на натпреварот.

Серијата од три порази и четири меча без победа ја прекина Работнички кој славеше во Велес против Борец со 1-0. Голот за триумф го постигна Тодоровски во 63. минута.

РЕЗУЛТАТИ
Борец – Работнички 0-1
Скопје – Ренова 0-0
Пелистер – Македонија ЃП 0-2
Шкендија – Тиквеш 1-1
Струга – Ак.Пандев 0-0

ВЧЕРА
Шкупи – Брегалница 5-0

ТАБЕЛА
Шкупи 29 бода, Ренова 22, Ак.Пандев 22, Брегалица 19, Шкендија 18, Работнички 18, Струга 16, Скопје 16, Македонија ЃП 14, Борец 8, Тиквеш 7, Пелистер 4