Нов ден, нов светски рекорд на Светскиот куп во пливање. Третиот митинг се одржува во Сингапур.

Американската пливачка Реган Смит го собори светскиот рекорд во дисциплината 200 метри грбно.

За само два дена Смит постави два нови светски рекорди. Откако постави магично време од 54.27 секунди на 100 метри грбно, Смит блесна и на 200 метри.

Таа ја заврши трката со фасцинантни 1:58,83, што сега е нов светски рекорд. За 0,11 секунди го подбри претходниот рекорд на Кајли Мекеон, поставен во ноември 2020.

Второто место на трката го зазеде Анастасија Шкурдаи (2:01.63), додека трета Јона Андерсон (2:01.98).

Текстот Нов ден, нов светски рекорд на Реган Смит е превземен од МАКФАКС.