Вчера во 16:49 часот на магистралениот пат Куманово–Крива Паланка се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „Нисан“ со скопски регистарски ознаки и товарно моторно возило, кое го напуштило местото на несреќата, соопшти СВР Куманово.

Возачот на „Нисан“, Л.С. (57) од Скопје, се здобил со телесни повреди и бил пренесен на соодветна здравствена установа. Полицијата презема итни мерки за пронаоѓање на возачот на товарното моторно возило, кој засега останува непознат.

Од СВР Куманово апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и доколку имаат информации за возилото или возачот да се јават веднаш на локалните полициски служби.

Текстот „Нисан“ удрен од товарно возило кое избегало од местото на несреќата е превземен од МАКФАКС.