Некогашниот македонски репрезентативец и интернационалец, а сега успешен фудбалски работник, Ндерим Неџипи и официјално е нов спортски директор на турскиот тим Маниса.
Неџипи досега ја извршуваше оваа функција во тимот на Балкани од Косово, со кого имаше огромни успеси и играше во групната фаза од конференциската лига минатата сезона, а очигледно тој е подготвен за нови предизвици.
Неџипи од денеска е прв оперативец на тимот на Маниса, клуб со богата историја и клуб каде што играле многу познати турски но и странски фудбалери./Sportmedia/