Иако за да имате добра и долготрајна врска, мора да правите компромиси со вашиот партнер, сепак постојат одредени нешта кои себично мораме да ги задржиме онакви какви што се…
# Слободата…во здрава врска би требало да можете да излезете сами и да уживате, а вашиот партнер да не биде загрижен или вознемирен. Посесивното однесување е показател на несигурност, а тоа е проблем кој вие не можете да го поправите.
# Внатрешниот мир…за да можете да бидете среќни важно е да го задржите внатрешниот мир. Ако партнерот прави да се чувствувате анксиозно, нервозно или вознемирено, резултатот може да биде депресија и исклучување од вообичаениот животен тек.
# Односите со другите…на почетокот на врската повеќето парови поминуваат низ фазата “меден месец“, време кога постојано се гледаат. Но ако сте заедно подолго време, и се помалку се гледате со пријателите и семејството, знајте дека тоа е показател на посесивно однесување. Важно е да имате колку што е можно повеќе здрави врски, а преголемата зависност од партнерот не е здрава.
# Соновите…добрата врска е партнерство, односно треба да бидете партнери кои ќе се подржуваат. Сосема е нормално да имате различни сонови, се додека меѓусебно се подржувате.
# Уверувања…вашите уверувања се исклучително важни и никој освен вас не треба да се обидува да ги менува. Иако партнерот не мора да верува во она во што вие верувате, важно е да ги почитува вашите вредности и секако вие неговите.