Констутитивната седница на косовскиот парламент денес беше прекината 26-ти пат поради недостиг на кворум за тајното гласање на пратениците за избор на претседател на Собранието.

Конститутивната седница на косовското Собрание почна во 11.20 часот, а претседателот Авни Дехари ги замоли пратениците да седнат на своите места за да се утврди бројот на присутни.

Кога беше утврдено дека има доволен број пратеници во салата, Дехари истакна дека има кворум за одржување на седницата. Дехари потсети дека на претходните седници немало кворум за гласање за Комисијата за тајно гласање бидејќи претставниците на партиите ЛДК, ПДК, АБК-Нисма и Српска листа не предложиле нејзини членови.

Тој ги повика претставниците на овие партии да го сторат тоа денес.

Бидејќи ЛДК, ПДК, АБК-Нисма и Српска листа денес не успеаја да ги номинираат своите членови на Комисијата за тајно гласање, Дехари повика на гласање за неа и за членовите номинирани од други партии.

53 пратеници гласаа „за“, еден беше против, а немаше воздржани. Поради недостиг на кворум, седницата беше прекината и денес. Следната е закажана за петок во 11 часот.

Констутитивната седница почна на 15 април, но мандатите на пратениците беа потврдени само четири дена подоцна.

Од 19 април се прават обиди за избор на претседател на парламентот, но кандидатот на Самоопределување, Албуљен Хаџиу, не успеа да добие доволен број гласови.

По сите неуспешни обиди за јавни избори, Самоопределување предложи тајно гласање, но ниту овој предлог не доби поддршка од мнозинството пратеници.

Текстот Неуспешен и 26-тиот обид за конститутирање на парламентот на Косово е превземен од МАКФАКС.