Одредени обичаи и навики на луѓето од земјите ширум светот кои сакате да ги посетите треба да ги знаете, за да не се случи од незнање и сосема случајно да ги навредите домаќините кои на својствен начин се потрудиле престојот во нивната земја да ви го направат што е можно подобар.
На Тајланд се смета непристојно да ставите храна во уста користејќи вилушка. Имено, Тајланѓаните користат вилушка за да ја поттурнат лажицата и да јадат со неа.
Тајланѓаните јаделе со рацете до 1897-та година, кога кралот Чулалонгкорн донел прибор за јадење. Исто така, кога сте на Тајланд не јадете храна со стапчиња за јадење, освен ако не станува збор за кинеска храна.
Во Јапонија, гласното ‘сркање’ го подобрува вкусот на храна и овозможува побрзо да се јаде жешка храна. Во Јужна Кореја има правило никој да не јаде на масата додека најстарата личност не го земе првиот залак.
Кога сте во Италија никогаш не му велете на келнерот да ви сервира тестенини со морски плодови со пармезан. Мешањето срење и риба се смета за кардинална грешка. Иако ова повеќе е традиционално верување на Италијаните, сè уште е застапено ширум земјата.
Во некои инуитски култури во Канада, ослободувањето на гасови за време на јадењето е знак на благодарност.
Во Кина е многу важен начинот на кој се оставаат стапчињата. Не треба да ги оставате вертикално во чинијата со ориз, бидејќи тоа потсетува на свечен оброк што им се нуди на мртвите, исто така не смее да се мавта со стапчињата за јадење. Поставете ги на масата така што ќе покажуваат кон некого. Подждригнувањето во Кина се смета за знак на благодарност.
Здравиците во Унгарија не смеат да се прават со чаши за пиво. Имено, во 1848-ма година за време на Унгарската револуција, австриските војниците наздравувале за поразените и убиените Унгарци со кригли со пиво.
Доколку во Германија компирот го сечете со нож, му давате до знаење на домаќинот дека не е готов ниту добро зготвен. Наместо тоа, компирот кинете го со вилушка или гмечете го.