На редовното Собрание на најмоќниот германски клуб ќе биде обелоденета заработката од претходната фискална година, која е таква што ќе го засени резултатскиот неуспех. Германските медиуми објавија дека на следниот состанок на највисокото клупско тело, извршниот директор на клубот Оливер Кан ќе ја презентира информацијата дека заработката на Баварците во претходната фискална година изнесувала 835 милиони евра. Тоа е за речиси 100 милиони повеќе од претходниот рекорд, постигнат претходната година.
Така, Баварците во финансиска смисла галопираат напред од година во година, па иако оваа сезона веројатно ќе им биде една од најлошите во последната деценија, можеби и подолго (ако останат без титула, ќе останат и без трофеј), финансиската слика ќе го држат расположението на високо ниво.
На споменатото Собрание, Кан и неговиот близок соработник во Извршниот одбор, Херберт Хајнер, ќе бидат една од темите, односно нивната работа, бидејќи се на „тенок мраз“ по резултатската катастрофа во тековната натпреварувачка година. Ќе се разговара и за статусот на спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, кој ќе поднесе извештај за неговата работа.
Во текот на сезоната, Баерн го смени тренерот Јулијан Нагелсман во период кога беше водечки на табелата и играше во Лигата на шампионите. Со доаѓањето на Томас Тухел, баварците беа елиминирани од Европа, па од Купот и го загубија првото место на табелата во Бундеслигата. Доколку денес Борусија го победи Мајнц на домашен терен, ќе стане шампион на Германија.