Љубовта е една од најубавите и најважните работи во животот, но невозвратената љубов не е лесна и носи со себе многу проблеми.
Да се биде во врска само за да се биде со некој, не е доволно добра причина. Некогаш е подобро да се биде сингл отколку во лоша врска, во прилог ви нудиме 5 причини зошто е тоа така…
1. Сингл девојките повеќе вежбаат…вежбањето осен што е добро за линијата, одлично е за многу болести како што се срцевите проблеми, депресијата и слично.
Плус, вежбањето секогаш не полни со позитивна енергија.
2. Сингл девојките имаат помалку финансиски долгови…иако парите не се клучни за среќа, сепак долговите знаат да предизвикаат стрес. Според некои студии, личностите кои се сингл подобро калкулираат со парите и имаат помалку долгови, а со тоа и помалку стрес.
3. Сингл девојките се хранат поздраво…многу често кога некоја врска ќе заврши знаеме да се “фрлиме“ на нездравата храна, додека пак некои девојки кога им е скршено срцето губат апетит поради тагата.
За разлика од нив, сингл девојките имаат добар апетит, внесуваат здрава храна и внимаваат како изгледаат.
4. На сингл девојките пријателствата им траат подолго…кога ќе впловиме во сериозна врска или брак пријателствата некако ги ставаме на втор план. Тоа е нормално и природно, но сепак често знае да резултира со тоа што ќе загубиме некој пријател.
5. Сингл дамите се посамостални…секако одлично е чувството да имате на кого да се потпрете, но понекогаш е подобро да знаете сама да се снајдете во различни ситуации. Дамите кои подолго време се сами се поснаодливи од оние кои се во сериозна врска.