Неколку згради во Бангкок се евакуирани поради извештаи за вибрации и пукнатини кои се појавиле во зградите, објави Бангкок пост.

Bеше објавено и дека во ѕидовите се слушнало пукање, што предизвикало паника кај многу жители, како и кај владините службеници кои живеат во одредени згради во строгиот центар на Бангкок.

Евакуацијата започнала околу 10 часот. Меѓу погодените беа зградите на владиниот комплекс на патот Ченг Ватана, Министерството за труд во областа Дин Даенг и зградите на судот на патот Рачадаписек.

Луѓето беа евакуирани и од седиштето на Државната банка за домување во округот Хуаи Кванг, Кривичниот суд во Рачадафисек и Канцеларијата за социјално осигурување во Дин Даенг.

Текстот Неколку згради во Бангкок се евакуирани како мерка на претпазливост поради последиците од земјотресот е превземен од МАКФАКС.