Постојана желба на секоја жена е да има еден пар чевли на висока пета кои не и ги убиваат стапалата, загорчувајќи и го животот. Од таа причина, максимално се потрудивме и ви носиме совети како безболно да носите чевли на високи топуци. Некои од професионалните трикови ќе направат овој тип на чевли, да бидат удобни како никогаш порано!
Можеби вашите чевли изгледаат фантастично, но доколку не можете да одите во нив, тогаш и не се толку убави. Некои трикови кои ги научивме, ќе ви ги спасат стапала!
1. Секогаш купете еден број поголеми чевли! Знаеме што сега мислите – ќе ги разгазам, ќе се рашират со време – но во поголемиот број случаеви, тоа никогаш не се случува!
2. Не купувајте чевли со супер висока штикла! Секоја жена сака штикли од 12 или 15 сантиметри, но треба да ја знаете својата мерка. Еднаш, кога ќе ја откриете идеалната висина на топуците за своето стапало, секогаш ќе ви биде удобно.
3. Менувајте почесто модели и облик на чевли! Одморете се од чевли со шпиц или на платформа. Одберете чевли со заоблен модел, друг пат чевли со отворени прсти а трет пат купете со шпиц. Треба да знаете, дека во последниов модел. малиот прст најмногу трпи и пати!
4. И најудобните чевли со текот на времето се менуваат. По некое време удобните чевли не се истите како на почетокот. Комбинацијата на улошки на табаните и подставата во чевлите, понекогаш е улимативното решение.
5. Секогаш чувајте неколку топчиња памук во чантата. Ова е нашиот најсакан трик! Ќе ви помогне ако чевлите ви се големи или ако чевлите во еден момент ви стануваат претесни и ви прават жуљ!