Не е тајна дека Јапонија има големи проблеми со стареењето и нискиот наталитет. Во земјата на изгрејсонцето, најстарите се најтешко погодени. Изолацијата може да биде толку страшна што Јапонките намерно го прекршуваат законот за да завршат во затвор, пишува CNN.
Степенот на осаменост најдобро се илустрира со фактот дека 20% од затворениците во најголемиот јапонски женски затвор се жени. Постарите жени едноставно претпочитаат топол оброк, грижа и друштво наместо изолацијата и осаменоста што владее во нивните домови.
Затворот се повеќе се прилагодува на потребите на постарата популација, вклучително и помош при капење, хранење и медицинска нега.
„Некои жени дури сакаа да плаќаат меѓу 20.000 и 30.000 јени (122 и 184 евра) месечно за да можат да останат во затвор до крајот на животот“, откри чуварот Такајоши Ширанага за Си-Ен-Ен.
„Има луѓе кои доаѓаат овде затоа што е студено или затоа што се гладни“, додаде Ширанага.
Затворот се наоѓа северно од Токио и медиумите ретко се дозволени внатре.
Текстот Неверојатен тренд во Јапонија, постарите жени намерно завршуваат во затвор за да не се чувствуваат осамено е превземен од МАКФАКС.