Бундеслигашот Баерн Минхен одлучи да им ги намали месечните примања на своите фудбалери, кои одбија да се вакцинираат против коронавирусот и поради тоа се наоѓаат во карантин, јави агенцијата ДПА.
Раководството на германскиот првак се одлучи на таков чекор поттикнат од ситуацијата поврзана со својот играч Џошуа Кимих, кој во моментов е во карантин по близок контакт со лице заразено со Ковид-19.
Кимих, кој не е вакциниран, за краток период по втор пат е во самоизолација.
Весникот „Билд“ објави дека меѓу невакцинираните фудбалери во таборот на Баерн се и Серж Гнабри, Џамал Мусала, Ерик Максим Чупо – Мотинг и Микаел Куисанс.