Кошаркарите на Чикаго ја забележаа шестата победа во седмиот натпревар од новата сезона во НБА лигата, откако синоќа со пресврт во финишот на натпреварот триумфираа на гостувањето кај Бостон со 128-114.
Чикаго ја реши во своја корист последната четвртина со 39-11, а најефикасен на натпреварот во редовите на „Булси“ повторно беше Демар Дерозан со 37 поени.
Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу понеделникот и вторник:
Шарлот – Кливленд 110-113
Индијана – Сан Антонио 131-118
Филаделфија – Портланд 113-103
Атланта – Вашингтон 118-111
Бостон-0 Чикаго 114-128
Њујорк – Торонто 104-113
Мемфис – Денвер 106-97
Минесота – Орландо 97-115
Лос Анџелес клиперс – Оклахома 99-94.