По тринеделна пауза поради позитивен тест на коронавирус Џоел Ембид се врати на теренот со 42 поени и 14 скокови, но неговиот „дабл – дабл“ ефект не беше доволен Филаделфија да избегне пораз од Минесота од 121 – 120, по продолжение.
Победата на Минесота ја донесе Таурен Принс на 4. 8 секунди пред крајот, а за Ембид ова беше прв натпревар во дресот на Филаделфија од 6 ноември пропуштајќи ги последните осум натпревари поради коронавирус.
Драматичен натпревар со продолженија се одигра синоќа и во Хјустон, каде „Рокетс“ триумфираа над Шарлот со 146-143.
Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу саботата и недела:
Филаделфија – Минесота 120-121 (по продолжение)
Атланта – Њујорк 90-99
Бруклин – Феникс 107-113
Чикаго – Мајами 104-107
Кливленд – Орландо 105-92
Хјустон – Шарлот 146-143
Далас – Вашингтон 113-120
Јута – Њу Орлеанс 127-105. (МИА)