Најмалку осум лица загинаа на Филипините во тајфунот Ман-Ји, шестата голема тропска бура што го погоди архипелагот за еден месец, соопштија официјални лица.
Метеоролошката служба објави дека Ман-Ји, првично категоризиран како супер тајфун, ослабнал до силна тропска бура со максимални ветришта од 110 километри на час и налети до 135 километри на час додека се оддалечувал од Филипините.
Повеќе од 685.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови во североисточните провинции откако властите предупредија на „потенцијално опасна по живот ситуација“ предизвикана од Ман-Ји, локално познат како Пепито.
Тајфунот собори дрвја и столбови за струја, однесе покриви, урна куќи направени од слаб материјал и предизвика поплави и бури кои ги однесоа патиштата во крајбрежните заедници. Седум лица загинаа во лизгање на земјиштето во градот Амбагио во провинцијата Нуева Вискаја северно од Манила, соопштија властите за катастрофи.
Ман-Ји првпат падна на копно во источната провинција Катандуанес во саботата.
„Иако Пепито беше силен, ударот не беше толку лош како што се плашевме“, изјави за новинарите претседателот Фердинанд Маркос Јуниор.
Текстот Најмалку осум мртви во тајфунот на Филипините, над 685.000 евакуирани е превземен од МАКФАКС.