Напад во основното училиште во загрепската населба Пречко, во кој загина едно дете, а неколку се повредени, како и наставничка, утринава извршил 19-годишник, кој бил уапсен 10 минути подоцна кога полицијата го спречила од самоубиство.

Како што рече министерката за здравство, Ирена Хрстиќ, наставничката има 50 години и, според нејзините информации, животот не ѝ е во животна опасност.

Докторот од болницата „Свети дух“ во интервју за ХРТ вели дека била примена со тешки физички повреди, односно со голем број убоди во пределот на градниот кош. По укажаната прва помош, била однесена на операција.

Таа беше оперирана по што нејзината состојба се стабилизира и лекарот очекува дека постоперативниот тек ќе биде добар.

„Во моментот таа е стабилизирана, но нејзиниот живот сè уште е во опасност“, додаде тој.

Открил и дека напаѓачот има неколку расеченици на телото, но е стабилен и животот не му е во опасност.

Текстот Наставничката од Загреб била избодена неколкупати во градниот кош и е оперирана е превземен од МАКФАКС.