Сараевското народно позориште ќе гостува во Македонскиот народен театар со две претстави, на 21 и 22 мај.

На 21 мај во 20:00 часот, ќе се одигра првата претстава – „Сараевскиот трговец“ по текст на Игор Штикс, во режија на Михал Дочекал. Во претставата играат 16 актери: Мона Муратовиќ, Мирвад Куриќ, Сањин Арнаутовиќ, Ведран Ѓекиќ, Амина Беговиќ, Фарук Хајдаревиќ, Нерман Махмутовиќ, Дино Бајровиќ, Ирфан Рибиќ, Сара Сексан, Белма Салкуниќ-Бектешевиќ, Милан Павловиќ, Ален Коњиција, Харис Биџан, Риад Љутовиќ и Амра Капиџиќ.

Авторот на претставата, Игор Штикс, ги поставува прашањата: „Книга или живот?“, „Театар или живот?“

Тој истакнува дека „Сараевскиот трговец“ поминал долг и необичен пат од идеја до реализација.

„Поминаа повеќе од 17 години од попладневниот разговор со пријателите Шејла Камериќ, Јован Марјановиќ, Огњен Диздаревиќ и Емина Кујунџиќ за филмска адаптација на познатото спасување на сараевскиот Хагада од Земаљскиот музеј во јуни 1992 година. Фактот што добив покана да напишам драма за стогодишнината од основањето на Националниот театар дополнително ја разгоре мојата имагинација. Така се роди ликот на Фридрих фон Дитрих – човек од Прага кој, непосредно пред Првата светска војна, доаѓа во Босна за да изгради Народно позориште во Сараево. Како Херцеговскиот Fitzcarraldo, кој сонува за опера среде Амазонија! А можеби токму тој, откако Лијешевиќ беше спречен да го режира овој текст, повика друг човек од Прага – овојпат од крв и месо – режисерот на оваа претстава, Михал Дочекал. Претставата е посветена на Јозеф Коен и на сите чувари и спасители на Хагадата.“

Во авторскиот тим се потпишуваат: Џорџо Урсини Уршиќ – драматург, Давид Марек – сценограф, Лејла Хоџиќ – костимограф, Мирза Реџепагиќ – композитор, Дино Хујиќ – видео дизајнер, Моамер Шаковиќ – дизајнер на светло, Бранко Векиќ – дизајнер на плакат, Велија Хасанбеговиќ – фотограф, Омар Шело – асистент сценограф, Ајла Бешиќ – асистент режисер, Мустафа Зрниќ – инспициент и Есмералда Абдијевиќ – суфлер.

На 22 мај во 20:00 часот ќе се изведе и претставата „Селска опера“, од авторот Д. Бенедек-П. Бела, во режија на Андраш Урбан, а драматург е Ведрана Божиновиќ.

Во претставата покрај актерите кои играат: Сањин Арнаутовиќ, Амра Капиџиќ, Алдин Омеровиќ, Санела Крсмановиќ-Бистривода, Сара Сексан, Ведрана Божиновиќ, Мирвад Куриќ, Санин Милавиќ и Мак Ченгиќ, е и музичкиот состав: Фауд Шетиќ – чембало, корепетитор и диригент, Амар Беширевиќ – виолина I, Ајнија Гермиќ – виолина II, Сара Касап – виолина III и Растко Зечевиќ – контрабас.

„Селска опера“ претставува бласфемија кон операта и кон квазисериозната уметност, но во исто време ја истражува суштината на универзалните вредности, исто како што тоа го прави големата уметност. Ова дело испраќа силна порака во време кога етничкото се претставува како есенција на националниот идентитет, а националниот или верскиот идентитет како врховна вредност, само тоа го прави на свој начин, слободоумен и немистификуван, кажувајќи ја вистината, смеејќи се на другите и на себе. Дали сме лицемерни? Дали нашето општество е лицемерно? Да. Ги криеме ли гревовите од минатото? Ги криеме. Дали ги оптоваруваме сите идни генерации? Да. Дали се мразиме? Мразиме. Дали сме несреќни? Да. Дали е проблем да зборуваме за нашата несреќа? Проблем е. Дали нашето општество, влада, политика, државна и општествена инфраструктура се промискуитетни, инцестоидни? Да. Кога гледаме на сѐ околу нас и се соочуваме со нештата, дали на врв на јазик ни доаѓа реченицата: „Мајко, мила мајко, зошто ме роди?“ Да, ни доаѓа.

Во авторскиот тим се потпишуваат: Кристијан Гергеје – кореограф, Адиса Ватреш-Селимовиќ – сценограф и костимограф, Лејла Јусиќ – музичка соработничка за подготовка на актерите, Моамер Шаковиќ – дизајнер на светло, Вранко Векиќ дизајнер на плакат и Велија Хасанбеговиќ – фотограф.

Билетите се достапни на билетарницата во МНТ и онлајн.

Текстот Народното позориште Сараево гостува во МНТ со две претстави е превземен од МАКФАКС.