Маслиновото масло стекна популарност меѓу жените кои водат грижа за кожата на своето лице.
Најдобро и наједноставно средство против брчките околу очите се облогите од маслиново масло.
Доволно е само да натопите две памукчиња во маслиново масло и да ги ставите на пределот околу очите десетина минути.
По отстранувањето, можете да направите блага масажа со врвовите на прстите.
Ако во 50 милилитри маслиново масло додадете 4-5 капсули витамин Е, ќе добиете одлична хранлива маска против брчки околу очите.
Оваа маска можете да ја нанесувате навечер, да ја држите 5-10 минути.
Не мора да ја миете со вода, доволно е само вишокот да го отстраните со марамче.