Звук од проектили ги разбуди жителите на главниот град на Украна. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ракетите погодиле четири високи згради во градот а има и жртви.
„Многу е тешко – вчера гасневме пожар, денес друг, многу е тешко. Луѓе умираат и најлошо е што умираат деца. Тие не го живееле својот живот а веќе го виделе ова. За младите жал ми е. Тие не виделе животот и сега ова е животот за нив. Што да кажам?”, изјави Андри, пожарникар
„Во моментов генерално, за жал, официјално имаме две жртви и 47 се спасени, едно лице е во болница. Ова не се конечни бројки бидејќи се уште го гаснеме пожарот“, рече Светлана Водолага – портпарол на противпожарната служба во Киев
“Беше силен звук. Тргнав кон прозорот и ракетата удри во зграда и сите стакла се искршија. вистината е дека немаше луѓе наоколу“, рече Володимир Трофимов, локален жител
Од денеска до четврток во 7:00 часот, во главниот град на Украина е прогласен полициски час. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко ги повика жителите да се подготват да останат дома два дена, или ако се огласат сирените, да влезат во скривниците. Во Харков исто така беше оштетена станбена згради.
„Имаме информации за луѓе под урнатините. Веќе ископавме и најдовме убиено лице. Извлековме човек кој успеа сам да преживее, рече Анатолиј Торјаник – заменик началник на службите за итни случаи во Харков
Веќе неколку дена околу 350.000 Украинци се заробени во Мариупол. Повеќето луѓе престојуваат во подруми и засолништа во нехумани услови. Без храна, без вода, без струја, без греење. Официјален претставник на Маируопил за украинската телевизија изјави дека досега се потврдени 1.800 цивили како жртви на нападите. /Алсат.мк
Еви Шкопи