Руски хеликоптери го нападнаа воениот аеродром Гостомел во близина на главниот град Киев, а украинската армија успеала да собори три од нив, пренесе Ројтерс.
Како што додава агенцијата, украинските гранични власти соопштиле дека руската војска се обидува да навлезе во регионот на Киев и на Житомир, на границата со Белорусија и оти Русија користи ракетни системи Град.